Достапни линкови

Пакистанската армија уби 55 милитанти


Пакистанската армија соопшти дека нејзините сили убиле 55 исламистички милитанти, како дел од офанзивата по неодамнешниот смртоносенмасакр во едно училиште. Официјални лица изјавија дека 16 милитанти загинале во судиритесо армија во племенската област Оракзаи во близина на границата со Авганистан. Дополнителни 39 милитанти, вклучувајќи и двајца бунтовнички команданти, биле убиени во текот на синоќешните воздушни напади во Северен Вазиристан. Војската соопшти дека воздушните напади ја уништиле подземната депонија со муниција. Властите ги засилија антиекстремистичките мерки по нападот на училиште од страна на пакистанските талибанци, во кој загинаа 142 деца. Пакистанските власти, на нападот одговорија соукинување на мораториумотна смртната казна за околу 500 затвореници осудени за кривични дела поврзани со тероризмот. Групи на ОН и права повика Пакистан да го врати мораториумот на смртната казна.

XS
SM
MD
LG