Достапни линкови

Сириската влада подготвена за мировните разговори во Москва


Сириските државни медиуми соопштија дека владата е подготвена да присуствува на мировните преговори што Москва планира да ги одржи следниот месец. Државната новинска агенција Сана цитираше анонимен официјален претставник на сириското министерство за надворешни работи кој вели дека владата е подготвена да учествува во прелиминарниот и консултативен состанок во Москва за да се одговори на аспирациите на Сиријците кои се обидуваат да најдат решение за кризата. Руското министерство за надворешни работи на 25 декември соопшти дека се надева оти ќе биде домаќин на мировните преговори на крајот од јануари меѓу сириската влада и нејзината опозиција. Официјална Москва е клучен сојузник на претседателот Башар ал-Асад. Не е јасно дали некои опозициски групи ќе се согласат да присуствуваат на руските разговори.

XS
SM
MD
LG