Достапни линкови

Ватикан ја ослободи активистката на Фемен


Ватикан ја ослободи украинската активистка која на Божиќ ги покажа своите гради на плоштадот Свети Петар и ја оттргна статуата на бебето Исус од сцната на Христовото раѓање пред Ватикан. Портпаролот на Ватикан, отец Федерико Ломбарди соопшти дека обвинителот на Светата столица одлучил Јана Жданова да биде ослободена. Нејзе и е изречена трајна забрана за влез во Ватикан, вклучувајќи ја и црквата Свети Петар и секој имот на Ватикан надвор од границите на таа држава. Жданова која е активистка на украинската група Фемен, извикувала Господ е жена, кога ги покажувала своите гради на плоштадот во четвртокот, половина час откако папата Френцис ги поздрави и благослови десетиците илјади собрани верници. Член на ватиканската гарда ги покри градите на активистката и ја однесе во ватиканскиот притвор.

XS
SM
MD
LG