Достапни линкови

logo-print

Порошенко ги поздрави украинските војници кои се вратија дома


Украинскиот претседател Петро Порошенко ги поздрави како херои 145-те војници кои се вратија дома како дел од размената на воени заробеници со проруските борци. Тој се сретна со војниците откако тие се симнале од товарен авион што слетал на воениот аеродром надвор од Киев во раните утрински часови. Украинскиот лидер се ракуваше и ги поздрави мажите кои беа задржани неколку месеци од страна на про-руската милиција во регионот на Доњецк. Порошенко ги пофали војниците за зачувување на нивниот "воен морал" и "демонстрирањето на најдобрите квалитети на еден украински воин". Враќањето на украински војници е дел од размена на затвореници меѓу Украина и проруските сепаратисти под условите договорени во прелиминарниот мировен договор потпишан пред два дена во Минск. Киев во петокот ослободи 222 бунтовнички борци кои беа заробени во близина на Доњецк. Европските посредници се надеваат дека размената ќе ги одмрзне замрените мировни преговори.

XS
SM
MD
LG