Достапни линкови

Најмалку тројца мртви во напад на НАТО во Авганистан


Авганистански официјални лица соопштија дека најмалку три лица се убиени, а пет други се повредени во воздушен напад на НАТО во зафрлено село во источниот дел на провинцијата Логар во Авганистан. Дин Мухамед Дарлеш, портпарол на гувернерот Логар изјави дека штрајкотсе случилво селото Аб Џош во раните утрински часови. Дарвеш изјави дека коалицијата предводена од Соединетите Држависоопштила дека жртвите биле талибанските бунтовници, но додаде дека, сепак, локалните жители велат дека жртвите биле цивили кои се обидувале да ја заштитат нивната земја од напад од страна на Кучи номадите. Во меѓувреме, испратена е делегацијата во областа за да го испита инцидентот. Штрајкот доаѓа во време кога Соединетите Дрѓави го повлекуваат поголемиот дел од своите војници од Авганистан. Околу 13.500 американски и НАТО војници ќе останат во земјата за обука и поддршка на бојното поле.

XS
SM
MD
LG