Достапни линкови

Репортери без граници го осудија упадот врз РСЕ во Баку


Репортери без граници го осудија упадот врз бирото на Радио Слободна Европа во Баку како најнов обид да се искорени медиумскиот плурализам во земјата.Јохан Бихр, шеф на бирото за Источна Европа и Централна Азија на оваа организација со седиште во Паризизјави дека владата на претседателотИлхам Алијев методолошки го урива секој од преостанатите независни медиуми, еден по еден. Државните инспектори вчера спроведоа рација на бирото на РСЕ во Баку, запленувајќи компјутери и лични досиеја, по што ја затворија канцеларијата на радиото. Тие изјавија дека нападот бил дел од тековната истрага на Бирото како странски финансиран субјект. Околу 15 новинари и блогери се моментално зад решетки во Азербејџан, вклучувајќи ја и Кадија Исмаилова, истражувачки новинар и соработник на РСЕ. Репортери без граници ја рангираа Азербејџан на 160. место од 180 земји во неговиот индекс за слободата на печатот за 2014 година.

Во меѓувреме, вработените во азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европа во Баку соопштија дека биле малтретирани од страна на Јавното обвинителство, еден ден по упадот на полицијата и инспекторите во бирото и затворањето на сервисот. Директорот на азербејџанскиот сервис Кенан Алиев изјави дека десетици вработени со полно работно време и хонорарни работници биле повикани во канцеларијата на обвинителот за испрашување во врска со нивното вработување. Повеќето одбиле да соработуваат додека не им биде доделен адвокат.

XS
SM
MD
LG