Достапни линкови

Мун ги повика пакистанските власти да ја укинат смртната казна


Conference COP 20 in Lima, December 9, 2014.

Conference COP 20 in Lima, December 9, 2014.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мунги повика властите во Пакистан за да ги запрат егзекуциите и да го вратат мораториумотна смртната казна. Портпаролот на ОН Стефан Дујариќ изјави дека Бан телефонски разговарал со пакистанскиот премиер Наваз Шарифи апелирал за крај на употребата на смртната казна во Пакистан. Шариф го укина мораториумот на смртната казна откако пакистанските талибански бунтовници спроведоа рација во училиште во Пешавар на 16 декември, при што загинаа 151 лице, скоро сите од нив деца. Шест лица осудени под обвинение за тероризам биле обесени оттогаш. Никој од нив не бил вклучен во масакрот во училиштето воПешавар. Шарифвети дека "сите правни норми ќе бидат почитувани, но не кажа дека мораториумот на смртната казна ќе биде обновен. Пакистанскиот министер за внатрешни работи Чаудри Али Кан, на 21 декемвриизјави дека во следните неколку недели Пакистан ќе почне со извршување на казните на околу500 затвореници осудени за тероризам.

XS
SM
MD
LG