Достапни линкови

logo-print

Контингент на АРМ заминува во мировна мисија во Авганистан


На аеродромот „Александар Велики“ денеска ќе се одржи свеченост по повод испраќање на дел од контингентот на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка во Авганистан“. На свеченоста ќе се обратат министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески. Македонското Собрание на 15-ти овој месец донесе одлука во мировната операција „Одлучна поддршка“ да заминат 38 припадници на АРМ, како продолжение на учеството во досегашната 12-годишна мисија ИСАФ.

Во мировната мисија во Авганистан во наредните шест месеци, согласно одлуката, треба да заминат пет штабни офицери во тим за советување во Командата за обука, советување и асистирање-Север, во рамки на германсккиот контингент, тринаесет штабни офицери и еден подофицер во Командата за обука, советување и асистирање во Кабул, во турскиот контингент, како и единица за заштита на сили од 20 припадници. Финансиските трошоци за транспорт, логистички трошоци, плати и надоместоци на плати на припадниците на АРМ ги обезбедува Министерството за одбрана.

XS
SM
MD
LG