Достапни линкови

logo-print

Хумана надеж за социјален (не)мир


Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

Рубинчо Аризанкоски, претседател на Здружението за помош на социјално исклучени лица и ризични групи „Скорпион“.

Протестите од страна на Студентскиот пленум ја развигорија Македонија со својот слободарски ум и глас, и цврсто истакнаа „НЕ“ за воведување на државен испит на факултетите, пишува активистот Рубинчо Аризанкоски во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Добро утро, Македонијо! Што ли се случува со тебе?! Во последниот зимски месец од годината многу настани ти се случија. Почнувајќи од брзата реакција на младите студенти кои беа стожер за повикување на демократија, говор и мисла, потоа се појавија различни организации и синдикати кои протестираа против законското решение кое го наметна Владата за оданочување на хонорарите, па црвените чадори, потоа граѓанската иницијатива „Ајде“ која се стреми да биде нова политичка опција во земјата и други настани, сè со цел подигање на свеста кај граѓаните за подобра иднина и слобода.

Протестите од страна на Студентскиот пленум ја развигорија Македонија со својот слободарски ум и глас, и цврсто истакнаа „НЕ“ за воведување на државен испит на факултетите.

Но, како граѓани, ако направиме една мала анализа во некои сектори како економија, здравство, образование и социјална заштита, може да се заклучи дека овие сектори поминуваат едвај со позитивна оценка два, иако има многу да се разговара и пишува.

Воедно, економската слика во Македонија е како турската серија „Белото памукче“. Иако, во Прилеп ја имаме индустриската зона „Алинци“ која по деветти пат се отвора свечено со црвена лента, никако да дојде некој инвеститор. Останува, да го чекаме остварувањето на веста што премиерот Никола Груевски деновиве ја објави на својот Фејсбук профил, дека во ТИРЗ Алинци, американската компанија „Гентерм“ ќе отвори капацитет за индустриски производи со 1000 нови работни места. Па, прилепчани ќе го остават жолтото злато и ќе се ориентираат на автомобилската индустрија, на производство на грејачи и волани. И, со тоа се решавала невработеноста во градот за неколку години во иднина?! Предлагам да направиме Гинис за брз економски раст и минимална плата од 30 илјади денари за да се види благосостојбата на граѓаните.

„Образованието е сила, образованието е моќ“, но во последните недели гледаме дека не е баш така. Реформите во образованието кои се движат со брзи чекори на крајот ќе паднат како турската серија „Кога лисјата паѓаат“. Така што, протестите од страна на Студентскиот пленум ја развигорија Македонија со својот слободарски ум и глас, и цврсто истакнаа „НЕ“ за воведување на државен испит на факултетите. Се реализираа одлично организирани протести каде на скопските улици излегоа 10 илјади студенти со својот црвен белег наречен „Индекс“ на кои наидоа на голема поддршка од граѓаните.

И, покрај донесената одлука на Владата за воведување на државниот испит на факултетите на последната јавна седница која се емитуваше на МРТ (Собраниски канал), студентите излегоа со својот „Студентски манифест“ кој го упатија до Владата и до МОН, но и до Нас граѓаните за што помасовно да ги поддржиме и во наредните протести со цел реализирање на нивниот резултат, а тоа е црвено „НЕ“ и оставка на министерот Адеми.

Прилепската болница „Борка Талески“ од почетокот на годинава е со блокирана сметка, поради реализација на извршни решенија од доверителите за долгови од 120 милиони денари. Не само што треба да се набават лекови, туку се доведува во прашање и специјализацијата на 14 доктори кои треба да бидат за потребите на пациентите.

Здравствениот систем во Македонија уште треба да закрепнува. На отворената јавна седница, министерот Тодоров истакна дека Министерството за здравство ќе ја реновира прилепската болница со нови операциони сали и опрема. Да, тоа е за поздрав. Но, би сакал само да го потсетам министерот дека прилепската болница „Борка Талески“ од почетокот на годинава е со блокирана сметка, поради реализација на извршни решенија од доверителите за долгови од 120 милиони денари. Не само што треба да се набават лекови, туку се доведува во прашање и специјализацијата на 14 доктори кои треба да бидат за потребите на пациентите. Пациентите бараат брзо решение за надминување на проблемот за да имаат подостапна и квалитетна здравствена услуга.

Социјалната слика во нашата земја е како во турската хит серија „Долина на волците“. Сè е поврзано и измешано. Социјалната сигурност на граѓаните како да ја нема доволно во менито на МТСП. Но, често читам дневни весници и гледам ТВ за тоа како течат информациите за бесплатни бањи за пензионери, па сè до „гага“ возење низ Македонија (со воз или автобус), нормално да се унапреди положбата на пензионерите, додека младите и работниците протестираат за свои права, пензионерите си одмараат на Шар Планина затоа што воздухот бил чист и незагаден или, пак, во некоја бања. Моите баба и дедо се толку среќни и задоволни што некој се грижи за нив, иако со нив се манипулира на големо, плус пензија покачена, ич око не им трепнува. Тогаш што значи да се донесуваат законски решенија за оданочување на хонорарите за високи 35 проценти, ако не полнење на касата на ПИОМ и ФЗО?!

Некои прашања кои ги упатуваат граѓаните како да немаат одговор од страна на институциите. Затоа, слушајте го гласот на своето срце и бидете хумани, променете го светот околу себе. Не пропаѓајте во сопствената немоќ и не им се препуштајте на негативните чувства, затоа што, тоа сте Вие!Среќна нова 2015 година!

XS
SM
MD
LG