Достапни линкови

САД загрижени поради упадот во бирото на РСЕ во Азербејџан


Новинарите на РСЕ во Баку избркани од нивните канцеларии.

Новинарите на РСЕ во Баку избркани од нивните канцеларии.

Официјален претставник на американскиот Стејт департмент изјави дека САД се „загрижени“ поради извештаите за упад во бирото на Радио Слободна Европа во Азербејџан.

„Ние сме загрижени поради извештаите дека вработените во бирото на Радио Слободна Европа во Баку биле затворени во нивните канцеларии и испрашувани додека просторите биле претресувани од полицијата“, рече претставник на Стејт департментот кој инсистира на анонимност.

Инспекторите, придружувани од вооружени полицајци, изутрината упаднаа во бирото во Баку, конфискуваа компјутери, а вработените неколку часа ги задржаа во една од просториите без пристап до телефон или до компјутер.

Обвинителството соопшти дека рацијата е дел од тековната истрага над Азербејџанскиот сервис на Радио Слободна Европа, како странски финансиран субјект. Радио Слободна Европа се финансира од американскиот буџет.

XS
SM
MD
LG