Достапни линкови

Жив ѕид за спас на ГТЦ


Штанд „Го сакам ГТЦ“ каде граѓаните може да се потпишат за да се не се менува фасадата на Градскиот трговски центар.
Штанд „Го сакам ГТЦ“ каде граѓаните може да се потпишат за да се не се менува фасадата на Градскиот трговски центар.

Предновогодишен протестен настан под мотото „Во новата година со стариот ГТЦ“ ќе се одржи в недела пред влезот на објектот. Предвидено е на настанот да има и јавни говори и музика.

Уште еднаш граѓаните в недела со жив ѕид ќе се обидат да го спасат ГТЦ од фасада во барок стил. Предновогодишен протестен настан под мотото „Во новата година со стариот ГТЦ“ ќе се одржи пред влезот на објектот. Предвидено е на настанот да има и јавни говори и музика.

На тој начин сакам да извршиме јавен притисок и едно јавно лобирање до сите они кои ги носат одлуките да се откажат од глупавата идеја за ставање на ГТЦ во барок и за затварање на ГТЦ со врати и пенџериња.
Никола Писарев од иницијативата за спас на ГТЦ

Никола Писарев од иницијативата за спас на ГТЦ вели дека очекува граѓаните јавно да излезат и да го кажат својот став дека ГТЦ е еден од клучните објекти во Скопје и дадат поддршка за зачувување на неговата автентичност. Според него, објектот е срцето на градот.

„На тој начин сакам да извршиме јавен притисок и едно јавно лобирање до сите они кои ги носат одлуките да се откажат од глупавата идеја за ставање на ГТЦ во барок и за затварање на ГТЦ со врати и пенџериња, затоа што ГТЦ во принцип е јавен простор каде што има 12 улици низ кој секој ден поминуваат над 20 илјади граѓанин.“

Затоа што колку повеќе ние ја искажуваме нашата љубов и нашата цел да го сочуваме ГТЦ таков каков што е, мислам дека тоа уште повеќе ќе ја мотивира нивната намера докрај да ја реализираат и да го сменат ликот.
Донка Барџиева Трајковска, Центар за културно наследство.

Донка Барџиева Трајковска од Центар за културно наследство, која ќе говори на настанот, вели дека намерата на властите е феномен познат и во другите поранешни југословенски републики, кога она што значи вредност од минатиот систем се прави обид да се уништи, затоа што тоа претставува бришење на меморијата од едно друго време.

„Се употребува овој феномен кога се уништува дел од културното наследство коешто припаѓа на друг период, меѓутоа актуелната власт не се препознава, односно се обидува да воспостави одреден дисконтинуитет во меморијата, во колективното паметење.“

Писарев вели дека ГТЦ мора да остане со стариот лик.

„ГТЦ е ден модерен градски изложбен пејсаж и треба да остане за следните генерации и да биде заштитен.“

Според Барџиева-Трајковска, ќе биде тешко објектот да се сочува.

„Затоа што колку повеќе ние ја искажуваме нашата љубов и нашата цел да го сочуваме ГТЦ таков каков што е, како едно место за паметење со исклучително значење за граѓаните на Скопје и не само на Скопје, мислам дека тоа уште повеќе ќе ја мотивира нивната намера докрај да ја реализираат и да го сменат ликот.“

Таа додава дека обврската на граѓаните е да се борат до крај и да направат се што е во нивна моќ. Министерството за транспорт и врски неодамна распиша оглас за консултант кој треба да провери дали е исплатливо ГТЦ да се даде под јавно-приватно партнерство, пред да се реновира во барок. Серијата настани во склоп на иницијативата „Го сакам ГТЦ“ започна во јуни минатата година како реакција на проектот за нова фасада на објектот и негова доградба.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG