Достапни линкови

logo-print

Размена на заробеници меѓу Украина и бунтовниците


Илустрација.

Илустрација.

Украина и проруските сепаратисти ја почнаа размената на воени заробеници под условите договорени во прелиминарниот мировен договор потпишан завчера во Минск. Руските новински агенции јавија дека размената се случила денеска на неутрална локација на околу 30 километри од градот Доњецк, кој е под контрола на бунтовниците. Се очекуваше да се разменат повеќе од 220 сепаратисти за околу 150 украински војници. Безбедносни извори во Киев велат дека по размената бунтовниците ќе држат во заробеништво уште околу 500 украински војници. Претходно, белоруски претставници соопштија дека е откажана клучната рунда мировни разговори меѓу Украина и проруските бунтовници. Новата рунда разговори меѓу претставници на Украина, Русија, проруските бунтовници и ОБСЕ требаше да се одржи денеска во Минск. Киев изрази надеж дека на средбата може да биде потпишан конечен мировен договор за ставање крај на борбите во источна Украина.

XS
SM
MD
LG