Достапни линкови

Украина ги стопира сите автобуски и возови до Крим


Илустрација.

Илустрација.

Украина соопшти дека, поради загриженост за безбедноста, ги стопира сите автобуски и железнички линии до Крим, којшто во март годинава беше анектиран од Украина од страна на Русија. Оваа одлука на Украинските државни железници доаѓа откако пред 10 дена и Русија одлучи да ги прекине возовите до Крим поради мал интерес за патување. Украинското министерство за инфраструктура, пак, им нареди на автобуските превозници од денеска да го прекинат линиите до Крим. Сега, околу 2,3 милиони жители на Крим во Украина може да стигнат само со автомобил, а во Русија само со застарените фериботи. Некои руски компании се уште имаат авионски летови до градот Симферопол во Крим и покрај тоа што ЕУ воведе санкции против авио-компаниите што летаат до Крим.

XS
SM
MD
LG