Достапни линкови

СДСМ: Не се враќаме во Собранието без разговори за суштинските теми


Опозицијата останува доследна на своите ставови дека нема да се врати во Собранието сè додека власта не прифати преговори за суштинските теми, соопшти денеска СДСМ, по собраниската седница на која не беше изгласано одземањето на нивните мандати. Според СДСМ, сè што се случува во Собранието во изминатите осум месеци, во врска со пратеничките мандати на опозицијата, не е во согласност со Уставот ниту законите. Потсетуваат дека пратениците од СДСМ и коалициските партнери поднесоа изјави за неприфаќање на мандатите, но мнозинството одлучи да ги верификува. Опозиционерите поднесоа и оставки, кои власта не ги констатира, се вели во соопштението од СДСМ.

XS
SM
MD
LG