Достапни линкови

Заврши мирниот протест пред владата


Mирно и без инциденти заврши протестот против реформите во високото образование, што во организација на Студентски пленум се одржа пред Владата. Организаторите најавија дека протестот ќе продолжи в понеделник пред Собранието, кога на пленарана седница треба да биде разгледан пакетот закони за реформи во високото образование, во прво читање.
- Сакаме нашиот глас да биде чуен. Ние не сме против реформи, но не за лошите реформи. Нашето оружје не е насилството, нашето оружје се зборовите, аргументите и чистата мисла. Ние бараме корисни реформи поддржани, подложни на анализи и на јавна дебата. Сакаме добри реформи, стоп за лошите реформи, порачаа студентите од денешниот протест.

Пакетот закони со кои се предвидуваат реформи во високото образование меѓу кои и воведување државен испит, денеска го поминаа првото читање на собраниската Комисија за образование, наука и култура, а во понеделник треба да бидат ставени на собраниска седница.

XS
SM
MD
LG