Достапни линкови

Пуштен од притвор тинејџерот што го навредувал Ердоган


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот суд денеска нареди ослободување на 16-годишното момче што завчера беше уапсено поради навреда на претседателот Реџеп Таип Ердоган, чиј режим го обвинил за корупција. Средношколецот бил уапсен во градот Коња каде што зборувал на јавен собир. Коња важи за силно упориште на Партијата на правдата и развојот на Ердоган. По ослободувањето, тинејџерот рече дека ќе продолжи со својата политичка активност. И покрај ослободувањето од притвор, тој на суд треба да се соочи со обвинението за навреда на Ердоган. Доколку биде прогласен за виновен, тој се соочува со казна до четири години затвор. Турција често е мета на критики дека ја задушува слободата на говор.

XS
SM
MD
LG