Достапни линкови

Трето студентско „НЕ“ пред Влада


„Ние студираме, вие профитирате“, порачуваат студентите на протест пред владата. Професорите формираа свој Пленум. Ректорската управа на УКИМ се изјасни против реформите, а владата одржува настан „црвен тепих за граѓаните“.

„Ние не сме насилници. На наша страна се аргументите и Уставот. Ние сакаме реформи но не вакви и не на ваков начин“, порача претставниците на Студентскиот пленум на протестот кој се одвива пред зградата на Владата.

Тие направија и мал перформанс читајќи го Крушевскиот манифест прилагоден на нивната сосотјба и на денешната атмосфера. Тие извикуваат „Уа кецароши“, а во рацете држат транспаренти на кои пишува: „Ние студираме, вие профитирате“, „Стоп за лошите реформи“, „Вратете ни ги другарите од Америка“, „Или индекс или пасош“.....

Забележливо е и зголемено присуство на полицијата пред зградата на Владата за разлика од минатите протести.

Непосредно пред протестот стигна веста дека на денешната седница на ректорската управа на Универзитетот Кирил и Методиј е донесена е донесено барање за одложување на процедурата на целиот пакет на измени предложен од владата. На барањето се потпишале ректорот, проректорите и и уште 23 декани и директори на институции што присуствувале на состанокот.

Исто така денеска во 13 часот на филозофскиот факултет се формираше и Професорски пленум којшто го подржаа повеќе од 100 професори кои претходно упатија отворено писмо до владата против најавените реформи. Во меѓувреме им се придружија и други професори.

На формирањето на Пленумот, професорот Огнен Чемерски нагласи дека не се тука да вршат сплетки во Студентскиот пленум, туку да ги поддржат и заедно да дејствуваат. Тој вели дека тие не се против реформи во високото образование, но не на ваков начин и не овие реформи.

Професорката Гордана Силјановска која пред насобраните професори ја објави одлуката на ректорскиот совет рече дека студентите успеале да ги разбудат професорите во нив. Потоа насобраните на Филозофскиот факултет заедно се упатија кон Владата каде што им се придружија на студентите.

Пред протестот пленумот ги повика студентите и нивните поддржувачи да го зачуват редот и мирот зошто ние како што наведоа тие се многу повеќе од она за кое го сметале.

Протестот вчера го поддржа и Сојузот на студенти- Албанци.

Ова е трет протест организиран од неформалната група Студентски пленум во последниве два месеца. И покрај масовноста на претходните два, владата на отворена седница минатиот викенд одлучи да ги помине предлог измените во законот за високо образование а тие веќе в понеделник се ставени и на собраниска седница. Покрај државниот испит со нив се предвидува и ревизија на Болоњскиот систем и други мерки. Премиерот Никола Груевски неколку пати изјави дека реформите се воведуваат за да се подобрел квалитетот на образованието а и дека не ги разбирал студентите зошто протестираат кога државниот испит нема да важел за нив, туки за генерациите што допрва ќе се запишат.

Истовремено додека пред зградата се протестираше, во владата се одржуваше настанот црвен тепих за граѓаните закажан минатата недела.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG