Достапни линкови

Нема кворум за одземање на мандатите на опозициските пратеници


Собранието на Република Македонија ја почна седницата за одземање на мандатите на пратениците од опозицијата, но во салата нема двотретинско мнозинство, односно 82 пратеници потребни за одземање на мандатите. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски го одлага поединечното гласање за мандатите, но претресот за другите мандати продолжува. Дискусија по точката на дневен ред нема. На седницата не присуствуваат пратениците од ДПА и трите пратенички од опозицијата кои ги повлекоа оставките и се вклучија во работата на Парламентот, Љубица Буралиева, Солза Грчева и Роза Топузова Кареска. Од пратеничката група на ДУИ се присутни девет пратеници.

XS
SM
MD
LG