Достапни линкови

Макстил најави исполнување на еколошките стандарди за две недели


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Во периодот меѓу 12 и 15 јануари идната година Макстил ќе го стави во функција системот за отпрашување и ќе почне производството во погонот „Челичарница“ што беше прекинато на 31 октомври годинава поради неисполнување на еколошките стандарди за добивање А-интегрирана еколошка дозвола. Ова го најави претседателот на одборот на директори на Макстил, Минчо Јорданов на денешната прес-конференција. Тој рече дека компанијата годинава ќе ја заврши со покриена загуба од 5,2 милиони евра со финансиските интервенции на акционерите за покривање на зголемените трошоци на работењето. Кумулираниот износ на загуби од почетокот на кризата во 2008 година, додаде тој, ќе достигне до 46,5 милиони евра.

XS
SM
MD
LG