Достапни линкови

Формиран Професорски пленум


Непосредно пред почетокот на најавениот студентски протест, на Филозофскиот факултет беше формиран „Професорски пленум“. Професор Огнен Чемерски пред присутните изјави дека тие ги поддржуваат активностите на студентите и оти немаат намера да прават сплетки во студентскиот протест.

Професорката Гордана Силјановска ја објави одлуката на Ректорската управа, која побара одложување на измените во образованието, што беше проследено со силен аплауз. Таа истакна дека студентите успеале да го разбудат професорот во нив. На настанот се обратија и професори од Штуловиот универзитет и од Педагошкиот факултет, кои на албански јазик нагласија дека не е важна етничката припадност, туку целите за кои се борат.

Потоа професорите со транспаренти на кои пишува „За реформи, не за про форми„ и „Уште глави за заокружување - Професорски пленум“ се упатија кон Владата, каде што ќе се одржи протестот.

XS
SM
MD
LG