Достапни линкови

Одложена новата рунда мировни разговори за Украина


Мировни разговори за источна Украина во Минск на 24 декември.

Мировни разговори за источна Украина во Минск на 24 декември.

Белоруски претставници соопштија дека е откажана клучната рунда мировни разговори меѓу Украина и проруските бунтовници. Новата рунда разговори меѓу претставници на Украина, Русија, проруските бунтовници и ОБСЕ требаше да се одржи денеска во Минск. Киев изрази надеж дека на средбата може да биде потпишан конечен мировен договор за ставање крај на борбите во источна Украина. Претходната рунда разговори завчера заврши со мал напредок и договор за размена на воени заробеници. Украинската служба за безбедност соопшти дека Киев ќе размени 225 бунтовници за 125 украински војници. Портпаролот на бунтовниците рече дека размената треба да се случи на 30 декември, но Украина не го потврди датумот, туку соопшти дека тоа ќе се случи наскоро.

XS
SM
MD
LG