Достапни линкови

logo-print

Ректорската управа на УКИМ бара одложување на измените во образованието


Борче Давитковски, декан на Правниот Факултет во Скопје Јустијан Први

Борче Давитковски, декан на Правниот Факултет во Скопје Јустијан Први

На седницата на Ректорската управа на Универзитетот Свети Кирил и Методиј која заврши пред малку е решено да се побара одложување на процедурата на целиот пакет измени на Законот за високо образование со кои се воведува државен испит предложен од Владата.

Ова за Радио Слободна Европа на Македонски јазик го изјави Борче Давитковски, декан на Правниот Факултет Јустијан Први во Скопје. На барањето се потпишале ректорот, проректорите и сите 23 декани и директори на институции што присуствувале на состанокот.

Денеска Законот за измени во високото образование, инаку е на разгледување на две собраниски комисии, а во 14 часот пред владата, студентите и професорите ќе протестираат против државниот испит.

XS
SM
MD
LG