Достапни линкови

Упад на Јавно Обвинителство во дописништвото на РСЕ во Баку


Персоналот на Бирото во Баку

Персоналот на Бирото во Баку

Во Бирото на Радио Слободна Европа во Баку, во придружба на вооружени полицајци се влезени службеници на обвинителството на Азербејџан. Тие велат дека тие имале судска одлука "за затворање на Бирото.

Директорот на Азербејџанскиот Сервис на Радио Слободна Европа Кенан Алиев, изјави дека најмалку 10 членови на Јавното обвинителство влегле изутрината во придружба на вооружени полицајци.

Тие во моментов држеле 20 членови на бирото во една соба и, наводно, побарале пристапот до документите и лични досиеја на Бирото. Обвинителите рекле дека судскиот налог е поврзан со тековната истрага врз РСЕ како странски финансиран субјект.

Азербејџанското обвинителство организираше слични акции во последните неколку години и врз други странски субјекти како ИРЕКС и Националниот Демократски Институт, кои беа затворени.

XS
SM
MD
LG