Достапни линкови

logo-print

Обама означи крај на борбената мисија во Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама означи крај на борбенатa мисија во Авганистан со одавање признание на американската војска за Божиќ. Во базата на Хаваи, Обама им порача на војниците дека нивните жртви овозможиле помирен и попросперитетен свет по терористичките напади врз Соединетите држави во септември 2001 година. „Поради ваквата исклучителна служба на американските сили, Авганистан има шанса за обнова, а ние сме побезбедни бидејќи таа земја нема да биде извор на терористички напади повторно“, рече Обама. Соединетите држави и НАТО ги повлекуваат повеќето трупи од Авганистан до крајот на годинава, оставајќи околу 13 ипол илјади војници како поддршка на авганистанските сили.

XS
SM
MD
LG