Достапни линкови

Собраниска седница за мандатите на опозицијата


За денеска е закажана седница на Собранието на Македонија на чиј дневен ред е предлогот за одземање на мандатите на пратениците на опозицијата кои, како што велат, ја бојкотираат работата на парламентот. За таква одлука е потребно двотретинско мнозинство. Вчера лидерот на ДУИ Али Ахмети го повика СДСМ да се врати во парламентот, онака како што направила опозицијата во Албанија. „Ние не го гледаме решението ако им ги одземеме мандатите на нашите колеги, пратеници“, порача Ахмети. Доколку мандатите на опозиционерите бидат одземени, процедурата ќе се пресели во Државната изборна комисија, која ќе треба да предложи нови пратеници од листите од коалицијата на СДСМ.

XS
SM
MD
LG