Достапни линкови

Ирак и Турција ќе соработуваат против милитантите на ИД


Ахмед Давутоглу и Хајдер ал Абади

Ахмед Давутоглу и Хајдер ал Абади

Ирак и Турција најавија дека воено ќе соработуваат во нивната борба против милитантите на Исламската држава. Ова го соопштија премиерите на двете земји Ахмед Давутоглу и Хајдер ал Абади по нивните разговори во Анкара. Турција која во минатиот месец почна да тренира курдски сили најави дека со тренинг ќе бидат опфатени и припадници на Ирачката национална гарда. Анкара и натаму одбива да и се приклучи на меѓународната коалиција предводена од Соединетите држави која врши воздушни напади против милитантите на Исламската држава во Сирија и Ирак.

XS
SM
MD
LG