Достапни линкови

Две Саудијки пред суд зашто „многу зборувале“


Илустрација.

Илустрација.

Две жени од Саудиска Арабија кои не ја почитувале забраната за жените да возат автомобил денеска биле изнесени пред судот за тероризам, информираат активисти. Двете жени, на возраст од 25 и од 33 години, не биле обвинети за непочитување на забраната за возење, туку поради мислења што ги изнеле на интернет, информираат активисти што инсистираат на анонимност. Судот за тероризам исто така суди дисиденти и граѓански активисти. Едната од уапсените е позната новинарка, а другата е популарна модераторка на јутјуб канал.

XS
SM
MD
LG