Достапни линкови

logo-print

Студентите ќе протестираат и во Битола


Студентскиот пленум од Битола за утре најави протести и во нивниот град кои ќе се одржат пред Техничкиот факултет, на кој ги повикаа сите општествено одговорни луѓе.

„На партиските структури не им одговара квалитетно образование. За нив сме бројки и индекси што треба да потклекнат на догматизмот како идни послушници и полтрони. Секој што размислува критички - го стигматизираат и етикетираат како неподобен. Нè научија дека „наведната глава - сабја не сече“ и се влечкавме како мекотели по ходниците од факултетите и училиштата. Редно е да ги исправиме главите и да се избориме за нашето утре!“, се наведува во соопштението на Студентскиот пленум од Битола.

XS
SM
MD
LG