Достапни линкови

Пакистански екстремист задржан во затвор


Илустрација.

Илустрација.

Водачот на забранета исламистичка организација во Пакистан, кој се очекуваше да биде ослободен од затвор, ќе биде задржан уште две недели поради сомнеж за негова вмешаност во убиство. Водачот на организацијата Лашкар-е-Јангви, Малик Ишак, требаше да биде ослободен денеска, но во екот на владините анти-терористичка кампања е задржан во затвор. Повторно треба да биде изведен пред суд на 7 јануари.

XS
SM
MD
LG