Достапни линкови

Уапсен средношколец поради навреда на Ердоган


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турската полиција уапси 16-годишно момче бидејќи го навредил претседателот Реџеп Таип Ердоган, чиј режим го обвинил за корупција. Средношколецот бил уапсен во градот Коња бидејќи зборувал на собир организиран во знак на сеќавање на млад наставник кого исламистите го убиле во далечната 1930 година. Градот Коња важи за силно упориште на Партијата на правдата и развојот на Ердоган. Весникот „Хуриет“ пренесува дека уапсеното момче е член на една левичарска организација. Доколку биде прогласен за виновен турскиот тинејџер се соочува со казна до четири години затвор, потсетуваат француските медиуми. Турската Влада, со Ердоган на нејзино чело, во 2013 година се соочи со бран масовни протести на незадоволните граѓани.

XS
SM
MD
LG