Достапни линкови

Уапсени 12 продемократски демонстранти во Хонг Конг


Полицијата во Хонг Конг уапси 12 продемократски демонстранти кои се вратија на местото каде што кампуваа повеќе од два месеци, пред полицијата да го растури протестниот камп. Полицијата денеска соопшти дека ноќеска употребила спреј и палки за растерување на демонстрантите, кои се уапсени под образложенија кои се движат од немање документи за идентификација до напад на полициски службеник. Полицијата наведува дека двајца полицајци биле повредени. Во изминатите неколку месеци, илјадници, претежно млади демонстранти, окупираа три населби во Хонг Конг, но до пред десетина дена полицијата ги растури протестните кампови. Демонстрантите бараат на граѓаните на Хонг Конг да им биде дозволено да изберат лидер без неговата кандидатура да биде одобрена од Пекинг.

XS
SM
MD
LG