Достапни линкови

Во основните училиштата, пак, дел од намалениот наталитет, дел од иселеничкиот тренд се формираат паралелки со по десеттина ученици. Неодамна и Советот мораше да донесе одлука која дозволи да се основаат паралелки со помалку ученици од 24 што е законски минимум.

Битола, еден од најпечалбарските градови во историјата на Македонија, повторно е погоден од нов бран иселувања во странство. Нема официјални податоци колку граѓани се иселиле, но оваа тема често се слуша низ Битола. Дел од младите признаваат дека размислуваат да заминат, а други пак се надеваат дека иднината ќе ја најдат вложувајќи ги своите знаења во родното место.

Отворив два-три бизниси, инспекции имав секоја недела. Казни за ова, казни за она. Куповната моќ на битолчани слаба, одвај да се продава. Заглавив со бизнисите. Сега останува да чекам државата да ме вработи или да заминам за странство.

„Отворив два-три бизниси, инспекции имав секоја недела. Казни за ова, казни за она. Куповната моќ на битолчани слаба, одвај да се продава. Заглавив со бизнисите. Сега останува да чекам државата да ме вработи или да заминам за странство.“

Студентски протест во Битола.

Студентски протест во Битола.

„Сметам дека откако ќе го завршам факултетот ќе се најде некоја солидна работа. Сметам дека знаењето и праксата што ги имам стекнато на Техничкиот факултет ќе можам да го пренесам во некоја фирма и тоа гледам да биде во нашата земја“, коментираат битолчани.

Дел од експертите се вклучени во обуки на млади високобразовани кадри со цел да се запре одливот на мозоци од Битола, а други пак признаваат дека бизнисите се соочуваат со повеќе проблеми.

Секој бизнис не е лесна работа. Има пречки. Поголем проблем е некултура на плаќањето или култура на неплаќањето навреме на обврските. Поради тоа имаме хронична неликвидност на претпријатијата.

„Нивите на запад се посеани. Овде има многу празни ниви. Сакам да кажам дека овде има многу полиња каде слаба е конкуренцијата, а има потреба на пазарот. Македонија има голем потенцијал, но прашање е дали тоа ние го гледаме или не. Прашање е дали како луѓе бараме изговори или резултати. Треба повеќе да веруваме во себе“, вели Зоран Витанов од НВО „ЦЕФЕ Македонија“. Неговиот колега Јован Сталевски од НВО „ЦЕФЕ Македонија“, додава.

„Не дека не ги охрабруваме младите да одат во странство и да учат нови работи. Но, сепак да се применат во Македонија.“

„Секој бизнис не е лесна работа. Има пречки. Поголем проблем е некултура на плаќањето или култура на неплаќањето навреме на обврските. Поради тоа имаме хронична неликвидност на претпријатијата. Бидејќи сме многу зависна земја од ЕУ, имаме и други пречки. Штом ЕУ и одредени држави од кои зависиме имаат одредена криза тогаш тоа се пренесува и на македонските претпријатија“, вели Предраг Стојковски, претприемач.

Од Општина Битола велат дека се обидуваат да ја подобрат економската состојба со вработувања во германската компанија „Кромберг и Шуберт“. Во основните училиштата пак, дел од намалениот наталитет, дел од иселеничкиот тренд се формираат паралелки со по десеттина ученици. Неодамна и Советот мораше да донеси одлука која дозволи да се основаат паралелки со помалку ученици од 24 што е законски минимум.

Последните податоци за иселувањето од Македонија се од извештајот на Светската Банка од 2010 година, според кој околу 400.000 Македонци се иселени.

  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG