Достапни линкови

САД - милитантите не го собориле јорданскиот авион


Соединетите држави соопштија дека јорданскиот авион што се урнал во Сирија не бил погоден од милитантите на Исламската држава.

Авионот Ф16 се урнал вчера во градот Рака кој е под контрола на исламистите. Тие објавија неколку фотографии на пилотот со навод дека авионот бил соборен со нивна ракета.

Вашингтон наведува дека немало јасни докази оти тоа било вистина. Ова е прв пат еден авион на коалицијата предводена од Соединетите држави да падне во Сирија од почетокот на воздушните напади во септември годинава.

XS
SM
MD
LG