Достапни линкови

logo-print

Кандидатот за нов претседател на Грција не сака гласови од Златна зора


Владиниот кандидат за претседател на Грција, Ставрос Димас изјави дека нема да прифати да биде избран со гласови на екстремно десничарската партија Златна зора. Тој во вторникот не беше избран ни во вториот од можните три гласања во грчкиот парламент. Со гласовите на 16 пратеници на Златна зора, Димас би можел да го достигне потребното мнозинство во третиот круг на гласањето. Со тоа владата на премиерот Андонис Самарас ќе избегне распуштање на парламентот и предвремени избори како што е предвидено со законот во случај и по три гласања да не се избере претседател.

XS
SM
MD
LG