Достапни линкови

Груевски: државниот испит и придонесите за подобра иднина


Никола Груевски

Никола Груевски

„Позитивните информации од јавните расправи за воведувањето државен испит се вградени во предлог законот“, изјави премиерот Никола Груевски, оценувајќи дека овој испит ќе овозможи поквалитетен високообразовен кадар и оти студентите кои учат нема да имаат проблеми при полагањето. Што се однесува до социјалните придонеси што хонорарците треба да ги плаќаат од први идниот месец премиерот Груевски рече дека ваквата мерка ќе им помогне на луѓето кои работат хонорарно, а не им се плаќа стаж. Парите од овие придонеси ќе овозможат повисоки пензии и поефикасно здравство, изјави Груевски во интервју за „Канал 5“. Овие две мерки на владата предизвикаа незадоволство и протести во земјата.

XS
SM
MD
LG