Достапни линкови

Без прогрес на мировните преговори за Украина


Преговорите за трајно примирје во Украина меѓу владините сили и проруските бунтовници во белорускиот главен град Минск завршија без индиции за напредок, но и со дилема дали би дошло до нова рунда преговори. Во нив учествуваат претставници на Украина, Русија, проруските бунтовници и ОБСЕ. Втората рунда беше планирана за утре, но белоруското министерство за надворешни работи соопшти дека не е познато кога ќе продолжат преговорите. Во досегашните судири во источна Украина кои започнаа во април годинава загинале над 4 илјади и 700 луѓе.

XS
SM
MD
LG