Достапни линкови

Божиќна порака на Папата Франциско


Папата Франциско одржа Божиќна миса откако телефонски разговарал со ирачки бегалци во еден камп во близина на курдскиот град Ирбил. Тој им порача на луѓето, присилени од милитантите на Исламската држава да ги напуштат нивните домови, да издржат. Папата Франциско нив ги спореди со Исус кој исто така бил протеран. За време на полноќната Божиќна миса во базиликата Свети Петар, Папата Франциско побара од луѓето да покажат повеќе разбирање и љубов спрема семејството и пријателите, додавајќи дека на светот му треба нежност и топлина.

XS
SM
MD
LG