Достапни линкови

Македонија не е имуна на трговија со луѓе


Илустрација.

Илустрација.

Ако во минатото главни жртви биле од поранешните советски републики, сега најприсутна е т.н. внатрешната трговија со луѓе, велат упатените.

Струшко Велешта некогаш важеше за центар на проституцијата на Балканот и пошироко, каде девојки од источноевропските држави работеа во тамошните објекти. Полицијата пред неколку дена во два угостителски објекти во селото откри четири албански државјанки. Ова не е прв пат во Велешта да бидат фатени девојки од странство кои нелегално работат како пејачки и стриптизети.

Струга, бидејќи е погранично и туристичко подрачје, секогаш ќе биде ризично подрачје за трговијата со луѓе. Ние постојано спроведуваме и превенција и едукација, поради тоа што сега трговијата со луѓе е присутна.

Драгица Попеска, претседателка на невладината организација Езерка од Струга, вели дека струшкиот регион останува ризично подрачје поради близината со границата.

Илустрација.

Илустрација.

„Струга, бидејќи е погранично и туристичко подрачје, секогаш ќе биде ризично подрачје за трговијата со луѓе. Ние постојано спроведуваме и превенција и едукација, поради тоа што сега трговијата со луѓе е присутна. Според наши информации, трговија со луѓе може да има секаде и секој може да биде трговец, бидејќи тој бизнис е профитабилен. Не можеме да посочиме како во минатото на кои места го има, но го има секаде бидејќи трговците ги менуваат тактиките на трговија со жени. Тоа може да биде во стан, во агенција, куќи за убавина“, вели Попеска.

Сведоци сме во последните години дека внатрешните жртви и жртвите од земјите од регионот се идентификувани и тие се мнозинство во споредба со странските жртви на трговија со луѓе. Но, крајниот интерес се земјите кои имаат поголема платежна моќ, тие се земји на дестинација.

Ако во минатото главни жртви биле од поранешните советски републики, сега најприсутна е т.н. внатрешната трговија. Трпе Стојаноски, директор на регионалниот центар за азил и миграција со седиште во Скопје, рече дека феноменот на трговија со луѓе бележи надолна линија, но има и други проблеми.

„Сведоци сме во последните години дека внатрешните жртви и жртвите од земјите од регионот се идентификувани и тие се мнозинство во споредба со странските жртви на трговија со луѓе. Но, крајниот интерес се земјите кои имаат поголема платежна моќ, тие се земји на дестинација“, вели Стојаноски.

Некои од местата кои во минатото беа познати по овој бизнис сè уште се атрактивни.

„Трговијата со луѓе е интересен и од аспект на трудовата експлоатација и тој вид на трговија со луѓе не се случува само во некои критични места. Тие се поврзани со сиромаштијата и со бедата. Сиромаштијата се јавува како значаен фактор во можноста лицата полесно да станат жртви на ваков вид на трговија со луѓе. Во однос на внатрешната трговија, статистиката кажува дека жртвите не се само од западниот и централниот дел на Македонија, но таму се случуваат дејствија во кои се откриваат жртви кои се и од другите делови на Македонија“, рече Стојаноски.

Проблемот со трговија со луѓе сè уште е присутен на Балканот, сметаат учесниците на регионалната конференцијапосветена на потребата од соработка за подобро справување со овој проблем која деновиве се одржа во Охрид.

XS
SM
MD
LG