Достапни линкови

Албанската опозиција се врати во Парламентот


Архивска фотографија,

Архивска фотографија,

По шестмесечен бојкот, албанската опозиција денеска се врати во собраниската сала, откако синоќа пред полноќ заедно со владејачкото мнозинство ја потпишаа Резолуцијата предложена од европарламентарците Едуард Кукан и Кнут Фленкештеин. Како што јави дописникот на МИА, прва точка на собранискиот дневен ред беше токму Резолуцијата која беше усвоена со 126 гласови „за“, а против и воздржани немаше.

Во документот се содржани неколку точки, меѓу кои најзначајна е онаа каде стои дека „двете страни се обврзуваат заедно да работат на консензуален начин со помош на ЕУ околу прашања за лица со криминално досие кои се или сакаат да бидат избрани или номинирани за јавни функции“ или како што опозицијата го нарекува декриминализација на Парламентот.

Пратениците од опозицијата, доколку не присуствуваа на денешната последна седница за годинава, ќе ги загубеа пратеничките мандати.

XS
SM
MD
LG