Достапни линкови

Немири во Сент Луис откако бел полицаец повторно уби црн тинејџер


Архивска фотографија: Протести во Сент Луис.

Архивска фотографија: Протести во Сент Луис.

Судири меѓу полицијата и насилните демонстранти избија во градот Сент Луис во САД, откако полицаец-белец ноќеска застрела црн тинејџер. Полицијата соопшти дека нивниот службеник делувал во самоодбрана, откако убиениот 18-годишник вперил пиштол во него. Мајката на убиениот вели дека нејзиниот син немал пиштол. Мирните протести што почнаа синоќа денеска ескалираа во судири со полицијата.

Бел полицаец во август годинава застрела невооружен црн тинејџер во Сент Луис што предизвика неколкумесечни протести ширум земјата против наводната полициска бруталност и расизмот.

Напаѓач пред три дена уби двајца полицајци во Њу Јорк, при тоа оставајќи порака на социјалните мрежи дека убиството е одмазда за неодамнешните убиства на невооружени црнци од страна на полицијата во неколку американски градови, меѓу кои и Њујорк и Сент Луис.

XS
SM
MD
LG