Достапни линкови

logo-print

Пакистан со нов државен план против тероризмот


Жени командоси во Пакистан.

Жени командоси во Пакистан.

Пакистанските воени и политички лидери се состанаа да го финализираат новиот државен акционен план за справување со милитантноста. На денешниот состанок во Исламабад присуствуваат премиерот Наваз Шариф, претседателите на политичките партии и шефовите на армијата и на разузнавањето. Шариф рече дека земјата се соочува со вонредна состојба и оти треба да се преземат вонредни мерки за справување со тероризмот. Минатата недела талибанците нападнаа училиште во градот Пешавар при што убија повеќе од 140 луѓе, најголемиот дел деца.

XS
SM
MD
LG