Достапни линкови

ЕУ го осуди укинувањето на мораториумот за смртна казна во Пакистан


Илустрација.

Илустрација.

ЕУ ја осуди одлуката на Пакистан да го укине мораториумот за извршување на смртната казна и побара од владата повторно да ја врати забраната на сила. Во денешното соопштение од ЕУ се наведува дека „смртната казна не е ефикасна алатка во борбата против тероризмот“. Пакистан ја укина забрана за извршување смртни казни за оние луѓе кои се осудени за тероризам и од минатата недела егзекутираше шестмина осуденици. Забраната, која беше на сила од 2008 година, беше укината по масакрот во училиште во Пешавар во кој беа убиени повеќе од 140 луѓе, најголемиот дел деца. Властите велат дека во наредните недели планираат да погубат околу 500 осудени терористи. Во земјата има околу 8 илјади луѓе осудени на смрт. Брисел, пак, соопшти дека ако Пакистан продолжи со егзекуциите, тоа може да го попречи профитабилниот трговски договор со ЕУ.

XS
SM
MD
LG