Достапни линкови

Турските функционери со телефони заштитени од прислушување


Илустрација.

Илустрација.

Членовите на Владата и претставниците на военото раководство ќе бидат снабдени до крајот на 2015 година со нови телефони, заштитени од прислушување, изјави турскиот министер за наука, индустрија и технологија Фикри Јашек. Тој посочи дека „паралелната структура“, термин кој турските власти го користат за означување на движењето на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД и кого го обвинуваат за заговор против Владата, длабоко се вкоренила во стратешки оддели на Турскиот совет за научно-технички истражувања. Според него, приврзаници на Ѓулен вршеле прислушувања во воената сфера. Тој смета дека Владата оправдано го означила неговото движење како криминална организација, која има за цел да ја отстрани од власт владејачката Партија на правдата и развојот.

XS
SM
MD
LG