Достапни линкови

logo-print

Исламската држава собори воен авион на меѓународната коалиција


Илустрација: Градот Рака.

Илустрација: Градот Рака.

Милитантите на Исламската држава соборија воен авион над Сирија, за кој се верува дека е на коалицијата предводена од САД. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон соопшти дека авионот бил соборен денеска во близина на градот Рака во североисточна Сирија, кој Исламската држава го прогласи за нивен главен град. Тие наведуваат дека авионот е на коалицијата предводена од САД и дека пилотот, кој била Арап, е заробен од исламистите. Друга набљудувачка организација, Медиа центар Рака, објави дека пилотот е Јорданец, но од јорданските власти засега нема коментар. САД и нивните арапски сојузници во септември почнаа воздушни напади против Исламската држава во Сирија.

XS
SM
MD
LG