Достапни линкови

logo-print

Немало експлозија пред падот на авионот на Трајковски


Борис Трајковски

Борис Трајковски

Пред падот на авионот во кој загина македонскиот претседател Борис Трајковски не дошло ниту до експлозија, ниту до пожар и нема траги кои би упатувале на диверзија или на терористички чин. За несреќата, влијаеле серија критични пропусти, случувања и услови. Ова го објави Босанската федерална ТВ, повикувајќи се на извештајот од повторената истрага на меѓународен тим што го водеше босанскиот експерт Омер Кулиќ. Во извештајот што вчера им беше предаден на Обвинителството и на Министерството за сообраќај и комуникации на Босна и Херцеговина се наведува дека Воздухопловните власти во Македонија, со своите пропусти, довеле до тоа да опадне нивото на безбедност на целиот систем на цивилното воздухопловство во Македонија, а кај пилотскиот кадар имало пропусти во системот за обука за посебни овластувања кои што се впишуваат во дозволите за летање. Директна причина за несреќата било спуштањето на авионот под минимално пропишаното ниво, а на тоа влијаела недоволната, неквалитетна и нецелосна подготовка на екипажот. Ова е втора истрага за причините за авионската несреќа во која загина претседателот Трајковски и уште осуммина патници. Авионот се урна на слетување во Мостар, на 26 февруари 2004 година.

XS
SM
MD
LG