Достапни линкови

Формирана Евроазиска економска унија на чело со Русија


Русија, Белорусија, Казахстан, Ерменија и Киргистан формираа Евроазиска економска унија чија цел е зацврстување на нивното интегрирање. Сепак, како што наведуваат новинските агенции, веднаш било забележлива нивната неединственост. Имено, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко остро ја критикувал Москва за нарушување на белоруските економски интереси со тоа што го ограничила нејзиниот извоз во Русија. Евроазиската унија официјално ќе стартува на 1 јануари 2015 година и ќе овозможи слободна трговија меѓу земјите членки.

XS
SM
MD
LG