Достапни линкови

Давутоглу: пријателството со Македонија ќе трае вечно


Турскиот јазик и култура се меѓу најзначајните во Македонија, а пријателството со Турција ќе продолжи во иднина, им порача премиерот Никола Груевски на претставници на турската заедница кои синоќа го одбележаа Денот на наставата на турски јазик во Македонија. На свеченоста присуствуваше и турскиот премиер Ахмет Давутоглу кој нагласи дека пријателството и довербата меѓу двете земји ќе траат вечно. „Духовниот мост меѓу Скопје и Истанбул ќе го претвориме во дипломатски и политички мост. Секој месец континуирано ќе продолжат нашите посети“, изјави Давутоглу.

XS
SM
MD
LG