Достапни линкови

Времето денеска: претежно сончево


Во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло, особено на повисоките места, на планините и на крајниот југоисточен дел. По одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус четири до два, а дневната од еден до 16 степени. Во Скопје претпладне ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до 10 степени.

XS
SM
MD
LG