Достапни линкови

Премиера на „Интервју“ и покрај севернокорејските хакерски напади


Американските кина велат дека компанијата Сони пикчрс одобрила прикажување на филмот „Интервју“, комедија за измислен заговор за атентат на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг Ун, и покрај анонимните закани на интернет за напад врз кино салите за време на прикажувањето на филмот. Сони пикчрс засега не даде коментар за наводите дека филмот на 25 декември премиерно ќе биде прикажан во Далас и во Атланта. Вашингтон ја обвини Северна Кореја за хакерскиот напад врз Сони пикчрс во обид да го спречи емитувањето на филмот. Американскиот претседател Барак Обама вети „пропорционален одговор“.

XS
SM
MD
LG