Достапни линкови

Ирачката влада се договори за буџетот


Архивска фотографија: Ирачкиот премиер Хаидер ал-Абади и ирачкиот претседател Фуад Масум.

Архивска фотографија: Ирачкиот премиер Хаидер ал-Абади и ирачкиот претседател Фуад Масум.

Ирачката влада денеска го усвои нацрт-буџетот за 2015 година во висина од околу 103 милијарди долари. Усвојување на предлогот дојде по подобрувањето на односите меѓу Багдад и ирачкиот автономен курдски регион. Со предлог-буџетот се предвидува буџетски дефицит од 25 милијарди долари, ако цената на суровата нафта остане 60 долари за барел. Предлогот утре ќе се најде пред пратениците во ирачкото собрание. Оваа година Ирак немаше изгласано буџет, поради лошите односи на владата предводена од шиитите на поранешниот премиер Нури ал-Малики со сунитите и со Курдите. Односите меѓу Багдад и ирачкиот курдски регион се подобрија, откако лидерите почнаа да соработуваат во борбата против Исламската држава.

XS
SM
MD
LG